За нас

Кои сме ние?

За нас

НашИОТ ТИМ

Тимот на Елаборат МК го сочинуваат Експерти во областа на Животната Средина, кои до сега имаат работено на повеќе од 200 Елаборати, Оценки на Влијанија, Б-интегрирани Дозволи и Управувања со Отпад.

Тимот брои и дипломирани економисти за развој и инвестиции кои ги адресираат дополнителните активности во комуникацијата.

Нашата мисија

Нашата мисијата е насочена кон обезбедување на висококвалитетни услуги во спроведување на Законските Обврски во областа на Животната Средина и Управување со Отпад! Нашата консултантска експертиза помага на Дејностите и Активностите да се стекнат со РЕШЕНИЕ за Одобрен Елаборат за заштита на Животна Средина

Елаборат МК

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

Имате прашања? Контактирајте нѐ и информирајте се за оваа Законска Обврска.

За Нас

About

Елаборат МК

 

Почетна
Елаборат за заштита на животна средина е облигаторен документ за одредени дејности.

Под Животна Средина се подразбира збир од сите надворешни фактори (биотички и абиотички) на кои е изложен еден организам.

Биотички (живи) фактори се влијанијата од членовите на истиот или друг вид врз развитокот и опстанокот на единката, додека абиотички се неживите фактори – влијанијата на почвата, водата и воздухот врз организмите.

Преку елаборатот се:

опишува дејноста и активностите на правниот субјект

начинот на кој се врши дејност
дали тој начин соодветствува со Закон за заштита на животна средина на РСМ
доколку постојат загадувачки фактори, елаборатот е тој кој ги детерминира и утврдува идни постапки

Надлежност за прегледување на елаборат за заштита на животна средина имаат:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Град Скопје
Општините во РС Македонија
Ако човекот не пристапи кон поголема контрола на влијанијата врз овие фактори, наскоро нема да постои животна средина!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ДЕНЕС!

ЕКО Стилинг воведе “обележување“ на сите објекти и дејности кои се опфатени со Закон за Животна Средина на РСМ, а ги имаат испочитувано законските одредби.

Имено “обележувањето“ e во форма на поставување на етикета на влезната врата, која го означи објектот/ дејноста како

ПРИЈАТЕЛ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.

Погледнете ги некои од “обележаните“ обекти

За Нас About
– Кратка историја
Еко Стилинг постои веќе 19 години. Основана од домашен капитал, понесена од долгогодишното искуство од АД ПОДОГРАДБА – Македонија, беше родена идеа а потоа и иницијатива за сопствено организирање.

Го искористивме искуството да се етаблираме на кревкиот македонски пазар, како едни од најпрофесионалните инженери – архитекти за проектирање, ентериери и внатрешно уредување.

Откако ја откривме потребата од подигнување на свеста за заштитата на нашата животна средина, поставивме нови стандарди во работењето, со цел да се справиме со предизвикот и потребата на нашите клиенти кои беа и се засегнати и на директен или индиректен начин влијаат врз животната средина.

Со цел да ја постигнеме нашата цел, се стекнавме со знаење во оваа ранлива област и научивме како да пристапиме кон обезбедување на услугите и да ги испочитуваме законските регулативи од Законот за Животна Средина на РМ.

– Мисија и визија
Нашата визија е да продолжиме да се стремиме кон пораст, развивање на нови техники, збогатување со нови знаења преку едукација, тековното работење, учество во разни семинари, студии и дискусии и најважното – следење на европските и светските постапки во подигнување на свеста и подобра заштита на животната средина.

Нашата мисија е да помогнеме на секој начин кој знаеме и умееме, да обезбедиме поквалитетна иднина и место за живеење од аспект на животна средина, на сегашните и идните генерации.

Елаборати за заштита на животната средина

Правни или физички лица кои вршат дејности или активности кои не спаѓаат во проектите за кои, согласно Законот за животна средина и прописите донесени врз основа на овој закон, се спроведува постапка за оцена на влијанието врз животната средина се должни да изготват елаборат за заштита на животната средина со цел да се оцени влијанието на дејностите или активностите врз животната средина.
Надлежен орган за одобрување на елаборат е органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната или надлежните органи на општината, согласно видовите на дејноста или активноста утврдени со прописот.