Елаборат за 5 категории на дејности/ објекти

Што е Елаборат за Животна Средина?

Елаборат за животна средина е документ кој по Закон се изработува со цел да се процени влијанието на одредена дејност, објект или проект врз животната средина. Тој е задолжителен дел од процедурата за добивање дозвола за работа за одредени дејности, особено оние што можат да имаат потенцијално влијание врз воздухот, водата, почвата, шумите, или здравјето на луѓето.

Основни карактеристики на Елаборатот за животна средина:

  • Опис на проектот: што точно ќе се гради или работи (на пр. автосервис, пекара, ресторан, кафуле и сл.).

  • Локација: каде ќе се изведува дејноста и какви се карактеристиките на просторот и околината.

  • Опис на можни влијанија: какви влијанија може да има проектот врз животната средина (бучава, отпад, загадување и сл.).

  • Мерки за заштита: како ќе се спречат или намалат тие влијанија.

Кога е потребен овој документ?

Елаборатот е потребен:

  • При отворање нов бизнис или објект што врши производствена, угостителска, услужна или друга активност.

  • При проширување или измена на постоечка дејност (локација, назив и сл…).

  • Во постапка за добивање еко-дозвола

  • Во процес на аплицирање за грантови од ЕБРД, ИПА, ИПАРД и сл…
Елаборат за

Кои дејности се опфатени со Елаборат?

Во Република  Македонија, елаборат за животна средина се изработува за дејности што може да имаат мали до умерени влијанија врз животната средина. Овие дејности се наведени во Уредбата за дејности за кои се подготвува Елаборат, која произлегува од Законот за животна средина.

Примери на дејности за кои е потребен елаборат:

✅ Угостителски објекти:

  • Ресторани

  • Кафулиња

  • Пекари

  • Ќебапчилници

  • Пицерии, Палачинкари, Слаткари

Генерално – Производство и/или послужување на храна и/или пијалаци.

✅ Производствени и занаетчиски дејности:

  • Авто сервиси, перални за возила, бензински пумпи

  • Лимарски и столарски работилници

  • Фарбарници

  • Преработка на суровини како дрво, метал, хартија и сл…

  • Мали погони за производство и преработка на храна или пијалаци

✅ Трговски и услужни дејности:

  • Поголеми трговски објекти

  • Супермаркети и Маркети каде има готвени јадења и/или полуготови пекарски производи
  • Халски продажни простори

  • Магацини за хемикалии

  • Печатарски сервиси 

✅ Градежни активности:

  • Изградба на комерцијални објекти

  • Изградба на објекти во заштитени подрачја

  • Промена на намена на земјиште (на пр. од земјоделско во индустриско)

  • Во склоп на барање за Дозвола за Градба

✅ Објекти поврзани со отпад и загадување:

  • Привремено складирање на отпад

  • Системи за одводнување и септички јами

  • Објекти што користат поголеми количини горива

Институции и надлежности

Главниот орган за спроведување на Законот е Министерството за животна средина и просторно планирање, но важна улога имаат и општините, како и други државни институции. Локалната самоуправа е одговорна за донесување локални планови за заштита на животната средина и контрола на загадувањето на нејзина територија.

Поделба на надлежности врз одредени дејности и активности:

Надлежност на Општините е врз ресторани, кафе барови, пицерии, игротеки, сендвичари, отворени платни паркиралишта, комерцијални објекти во процес на добивање дозвола за градба, авто механичари, електричари и перални…


 

Кој треба да изготви и поднесе Elaborat za животна средина во Северна Македонија?

Согласно Законот за заштита на животната средина во Северна Македонија, секој правен или физички субјект кој започнува нова дејност или прави измени во постојната, а може да има влијание врз животната средина, има обврска да изработи и поднесе Елаборат за животна средина или друг соодветен еколошки документ.

✅ Кои субјекти имаат обврска?

Во пракса, обврска имаат:

  • Приватни компании и занаетчии (ресторани, кафулиња, пекари, автомеханичари, перални, фризерски салони, и др.)

  • Производствени погони и мали фабрики

  • Градежни компании (за нови градби или реконструкции)

  • Индустриски капацитети (мали и средни претпријатија)

  • Фарми, мали сточарски и земјоделски објекти

  • Складишта за хемикалии или отпад

  • Институции (училишта, болници, домови за стари лица, и сл.) кога се градат или реконструираат

📑 Кога е потребно да се изготви?

Елаборатот се поднесува:

  • Пред започнување на дејноста

  • Пред проширување, реконструкција или модернизација

  • Пред добивање градежна дозвола (за некои проекти)

  • При промена на намена на објектот

  • Во случај на промена на технологија или поголеми модификации


🛠️ Видови на документи

Во зависност од дејноста и степенот на влијание, надлежните органи одредуваат каков документ е потребен:

  1. Елаборат за заштита на животната средина

  2. Изјава за безначајно влијание врз животната средина

  3. Студија за оцена на влијание врз животната средина (за големи проекти)

  4. Барање за интегрирана еколошка дозвола (за одредени индустрии)

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *